> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Неготино доби нов и современ двоен тениски терен

Дата: 14.12.2016 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

За само 2 месеци комплетно завршија работите околу изградбата и поставувањето на опремата и реквизитите, со што граѓаните на Неготино на располагање добија нов, модерен и современо опремен двоен тениски терен со тврда подлога. Како што информираше градоначалникот Ванчо Апостолов вкупната вредност на проектот изнесува 9.200.000 денари и истиот е реализиран преку взаемна соработка помеѓу Агенцијата за спорт и млади на РМ и општина Неготино. Двете тениски игралишта се комплетно оградени, поставени се неопходните реквизити и осветлување со цел истите да можат да се користат и во ноќните часови и што е најважно, за сите спортисти и рекреативци користењето на терените ќе биде бесплатно. Градоначалникот Апостолов најави дека мошне скоро на пригодна свеченост двојниот тениски терен на трвда подлога ќе биде ставен во употреба.